Џошуа од Њујорк боледува од многу ретка болест која е наречена Еозинофилен езофагитис, што значи дека е изразито алергичен на голем дел од храната. Џошуа не може да јаде ништо од она што го јадат неговите врсници. Неговата реакција на храна понекогаш е помалку сериозна, како повраќање и пролив, но понекогаш постои опасност од анафилактичен шок. За него е опасен и самиот мирис на храната, поради што неговите родители не готват во куќата, туку надвор на терасата.
Единствено што јаде е детска храна, како што е пасирана сварена каша од јаболко, но посебна формула како замена за храната добивал со цевка директно во желудникот. Поради својата болест Џошуа не може да оди на училиште, па неговата мајка го школувала дома, што му паѓало многу тешко, па секогаш кога ги гледал децата во училишниот автобус почнувал да плаче.