Кинеското 4-годишно момче Онг Донг од селото Банкиао пуши цигари од својата втора година. Неговото семејство кое води бизнис со трговија на мешана роба не може да го спречи да краде цигари. Еден детски психолог изјавил дека според начинот на кој го држи цигарето очигледно е дека станува збор за страсен пушач и покрај неговата возраст.
Донг живее со своите баба и дедо, бидејќи неговите родители работат во друг град. Почнал да пуши за да ги имитира возрасните луѓе. Донг, кој наводно пиел и алкохол, започнал да зборува и ги направил првите чекори подоцна од останатите врсници.