Џејкоб Јанг (12) ја предаде на полицијата својата дрвена пушка за да може да се приближи до британската кралица Елизабета II, за време на нејзината посета на црква во Сендрингем.
Џејкоб рекол дека ја предал играчката за да ја види кралицата, а да не го вознемири нејзиното височество ниту обезбедувањето.
„Кога стигнав до влезот во паркот ја предадов пушката на полицаецот, кој ја закачи на оградата. Не сакав некој да помисли дека планирам да пукам на кралицата. Не ми беше жал да ја предадам пушката. Знаев дека ќе биде на сигурно кај полицијата“ – рекол Џејкоб.
Околу 150 луѓе дошле, наспроти големиот студ, да ја видат кралицата. Сите морале пред да влезат во црквата, и да поминат покрај многубројното обезбедување и детекторите за метал.