Бакнувајќи ја страсно својата девојка, момчето и го оштетило ушното тапанче.  Девојката осетила голема болка и потполно оглувела на левото уво, па побарала лекарска помош.

„Внатрешното уво и устата се споени со канал кој го изедначува притисокот. Бакнежот го намалил притисокот во устата, поради кој ушното тапанче се вовлекло и пукнало“ – рекол докторот.


За среќа, слухот ќе и се врати за два месеци. Иако бакнувањето е безопасно, лекарите на заљубените им препорачуваат внимателност, бидејќи љубовта не е само слепа туку очигледно може да биде и глува.