Две лица се здобиле со тешки изгореници, а 10 се полесно повредени во напад со молотов коктел на ресторан во предградието на Париз.

На лице место веднаш пристигнала полицијата и екипи на Итна помош, како и 50 пожарникари. Лицата со тешки изгореници биле сместени во болница, додека преостанатите 10 лица, меѓу кои и шест полицајци кои помагале во спасувањето, се полесно повредени. Изгаснат е пожарот во ресторанот кој се наоѓа во склоп на зграда со пет ката, но неговата внатрешност е уништена.

Не е познат мотивот за нападот, но постои сомнение дека станува збор за неупспешен обид за грабеж.

OhridNews
Макфакс