Неверојатен настан, молња која удира во камион во движење, снимле камерите за надзор на автопатот во близина на Едмонтон во Канада. Парот кој се наоѓал во камионот, Ал и Бети пери се неповредени. Молњата стопила делови од металот на камионот и направила два кратери на автопатот.
Парот останал заробен во возилото бидејќи не можеле да ги отворат ниту вратите ниту прозорците, додека чад ја полнел кабината на камионот. Како што раскажал Ал, не можел ниту со нозете да ги скрши прозорците, а од камионот успеале да излезат благодарение на помошта на полицаец кој се затекнал во близина.