Во сите храмови на Македонската православна црква денеска на Томина недела после светата Литургија ќе се отслужи Молебен за молитвена духовна поткрепа на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, како и за нивно праведно судење на Хашкиот трибунал.
МПЦ ги повикува сите благочестиви христијани заедно да дадат молитвена поддршка на македонските бранители обвинети пред Хашкиот суд.
По повод Томина недека света архиерејска литургија утрово се одржа во манастирот Св. Наум каде исто така ќе се одржи молитва за духовна поткрепа на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски.