Комичарот Крег Ровин од Њујорк на Ју тјуб објавил видео во кое моли неколку милионери еден од нив да му подари барем еден милион долари од своето богатство. Планот му успеал, а објавил дека му се јавил некој мистериозен богаташ по име Бенџамин, кој му рекол дека сака од него да направи милионер. За да биде Крег сигурен во тоа, Бенџамин преку својот адвокат му испратил отворен писмо во кое го потврдува својот подарок.
Комичарот рекол дека сејуште не знае дали заслужил толкава сума на пари. Признал дека бил скептичен за понудата се додека не добил писмо да адвокатот. Крег нагласил дека името на богаташот кој му ги подарил парите ќе го објави на втори февруари, откако ќе го добие чекот на Менхетн.