Италијански измамник и крадец ги молел чуварите во затворот во Италија да го вратат назад зад решетки бидејќи животот таму му бил подобар. Управникот на затворот му допуштил на Луиги Фолиер (45) втората година од двегодишната казна да ја дослужи дома во куќен притвор.
Но само после дваа дена дома со сопругата, се вратил и го молел управникот на затворот Понте Сан Леонардо да го прими назад. На чуварите им рекол дека сопругата стално му се жали и пребарува и дека тој повеќе не може тоа да го издржи.