Молдавскиот претседател Владимир Воронин, во рамките на спроведувањето на националната програма против корупција, ги испратил повеќето владини министри на детектор за лаги.
Полиграфското испитување ќе биде задолжително за луѓето кои се вработуваат во полиција, државни известувачки служби, царина, гранична полиција, војската и државното судство, се вели во уредбата од претседателот.
И сите сегашно вработени кои имаат пристап до тајните владини податоци ќе мора да одат на испитување. Останатите ќе можат да одат на полиграф “доброволно“.
Со оваа мерка сакам да го намалам продирањето на странски известувачи во молдавската влада, но и корупцијата, изјавил претседателот на свеченоста на која ја потпишувал уредбата.
Избирачите на таа поранешна советска република сметаат дека повеќето од министрите и пратениците се корумпирани.