Македонска А селекција првиот тест во новата година ќе го има на 11 февруар против Молдавија , на неутрален терен во Анталија, Турција.

ФФМ во договор со селекторот на заминување Среќко Катанец ја договори средбата кој ќе биде предигра за априлските квалификации за СП 2010 во ЈАР.

Македонија и Молдавија имаат одиграно два официјални натпревари и тоа во квалификациите за СП-2002. Двете средби завршија без победник, во Скопје беше 2-2, а во Кишињев 0-0.

Македонија, на денот на шегата, 1 Април ќе и’ гостува на водечката селекција во групата Холандија. Многу појасна ситуацијата во 9 – та група ќе биде во јуни кога Македонија во двојниот термин 6 и 10 јуни, ги пречекува Норвешка и Исланд.

М.П.