Молдавската претседателка Маја Санду потпиша закон со кој се забрануваат информативни програми од Русија, соопшти директорката на Советот за телевизија и радио, Лилијана Вицу.
Се воспоставува концептот на борба против дезинформации, што значи воведување на многу построги санкции. Доколку тоа се докаже, на фирмите ќе им се одземат лиценците на седум години. По правило, во предизборниот период забележуваме изобилство на дезинформации, рече Вицу.
Според неа, ситуацијата во Украина го принудува официјален Кишињев да донесе остри мерки.
На 2 јуни молдавскиот парламент усвои закон за заштита на информативниот простор, со кој се забранува реемитување на информативно-аналитички програми и воени филмови од Русија.