Источниот брег на САД се уште се опоравува од ураганот Сенди кој однесе најмалку 110 животи и направи голема материјална штета, која се проценува на преку 30 милијарди долари. Околу 3,2 милиони граѓани и натаму се без електрична енергија, а се чувствува и недостиг на храна и гориво.
За моќта на супербурата, сведочи овој видео клип на кој забрзано е прикажано доаѓањето на невремето и последиците во Њу Јорк.