Римската империја имала стратешко воено упориште на источниот брег од Охридското Езеро кое било изградено во вториот или третиот век од нашата ера. Овие  претпоставки на археолозите официјално се потврдени деновиве со почетокот на истражувачките работи на локалитетот Градиште каде се откриени делови од бедеми од римско време.


Одбрамбениот бедем на римската војска кај Градиште

На највисокото место на полуостровот Градиште имало тврдина од помал обем која имала широки ѕидови. Била  градена од камен и варов малтер и имала внатрешни и надворешни кули кои служеле за одбрана на самата тврдина, се првичните сознанија на археолозите до кои ексклузивно дојде ohridnews.


археолошките ископувања кај Римската тврдина започнаа

Археолозите не очекуваат на тој простор да пронајдат значајни наоди, но сметаат дека истиот треба да се потенцира и да се прикаже на пошироката јавност како дел од богатото културно наследство на Македонија.


пронајдени делови од римската тврдина

Според најавите римската тврдина комплетно  ќе биде реконструирана и ќе биде поврзана со наколната населба во заливот на коските, со што овој простор ќе стане атрактивна туристичка дестинација.

Горан Момироски