Македонскиот олимписки комитет(МОК), во блиска соработка, консултација, координација и комуникација со Националните спортски федерации (НСФ), но и со соодветните Меѓународни спортски федерации и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), а согласно Олимписката програма РИО 2016, обезбеди 11 стипендии за нашите најдобри спортисти кои како предлог на НСФ беа испратени до МОК меѓу кои се и охриѓани Нина Балабан (Стрелаштво) и Јован Јованоски (Велосипедизам).
Стипендистите во понеделникот во просториите на МОК, ги потпишаа договорите за финансирање на олимписките програми на спортисти-корисници на олимписката стипендија РИО 2016 пренесува Мак факс.
Олимписките стипендии се обезбедени со исклучителна намена и силно контролирани од страна на МОК и ИОК, за да им помогнат на нашите спортисти во насока на обезбедување на квалитетни подготовки и учество на меѓународните натпревари кои ќе бидат квалификациони и одредени за обезбедување на норма за учество на ЛОИ РИО 2016.
Неодамна, Балабан како амбасадор на Македонија и Јованоски како натпреварувач беа учесници на Младинските олимписки игри во Нанџинг.
Сите спортисти кои ќе бидат стипендирани :
1. Јасин Реџелари, борење (800 американски долари)
2. Дејан Митров, борење (800 американски долари)
3. Бобан Данов, борење (800 американски долари)
4. Марко Блажевски, пливање (800 американски долари)
5. Анастасија Богдановски, пливање (800 американски долари)
6. Катерина Николоска, џудо (666,666 американски долари)
7. Нина Балабан, стрелаштво (666,666 американски долари)
8. Ана Николовска (666,666 американски долари)
9. Ристе Пандев (666,666 американски долари)
10. Валбона Селими (666,666 американски долари)
11. Јован Јовановски (666,666 американски долари)
Ohridnews