Македонскиот Олимписки Комитет на својот официјален веб сајт www.mok.org.mk ги објави имињата на спортистите кои че настапат на 29- те Летни олимписки игри кои од 8 до 24 август 2008 година ќе одржат во ПЕКИНГ, НР КИНА.
1. Атанас Николовски – Кајак на диви води (К1) – “А” олимпипска норма.
2. Мурад Рамазанов – Борење (слободен стил) – “А” олимпипска норма.
3. Сашо Несторов – Стрелаштво (10м. воздушна пушка) – вајлд карта.
4. Елена Поповска – Пливање (100м. слободно) – покана од ФИНА – потврдено.
5. Михајло Ристовски – Пливање (200м. слободно) – покана од ФИНА – потврдено.
6. Ивана Рожман – Атлетика (100 м.) – покана од ИААФ – потврдено.
7. Реџеп Селман – Атлетика (трискок) – покана од ИААФ – потврдено.
Исто така, од страна на ИОК е одлучено Предраг Русевски (тенис-поединечно) да биде прва резерва за учество на ЛОИ ПЕКИНГ 2008.
Претходно, со одлука на ФИЛА, Љуљзим Вранези (борење-слободен стил) е одреден да биде прва резерва за учество на олимпискиот турнир во борење на ЛОИ ПЕКИНГ 2008.