Поранешниот ракометар на Металург, Наумче Мојсовски, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Катар, во екипата на Лахвија.
Мојсовски по раскинувањето на договорот со Металург беше поврзуван со Цеље и Гепинген, но по се изгледа понудата од Катар била финансиски најконкретна.
Мојсовски во катарскиот тим ќе настапува заедно со својот колега од Металург и репрезентацијата на Македонија, Ренато Вугринец.
Двајцата ракометари во Лахвија ќе играат до крајот на сезоната. Катарското првенство започнува на 25.февруари.
„Макфакс“