Победата над Чиле во олимписките квалификациите беше последен натпревар за Наумче Мојсовски во националниот дрес.


Тој повлекувањето го најави по поразот од Тунис кој означи и крај на сите надежи за пласман на Олимпијадата каде што сакаше популарниот Мојсо да стави точка на репрезентативната кариера.

– Заедно со Лазаров почнавме буквално од нула. Игравме пред квалификации за квалификации и други пропратни проблеми. Но, успеавме двајцата да учествуваме на многу големи натпреварувања во 18-те години минати во репрезентацијата. Не сакав ваков крај, но не секогаш животот според планираното. Сакав да се простам во август после Олимпијадата, но тоа што е. Ова е моја дефинитивна одлука и во јуни на бараж двомечот со Чешка ќе дојдам само да се поздравам со македонската публика. – рече Мојсовски.

Повлекување, пак, по двомечот најави и Филип Миркуловски кој исто така како Мојсовски учествуваше во сите успеси последниве десеттина години во македонската репрезентација.

OhridNews