Наумче Мојсовски поради повредата здобиена на мечот со Вардар во СЕХА лигата ќе го пропушти Европското првенство кое ќе се одржи во Данска од 12 до 26 јануари.

Бекот на Металург ги скина вкрстените лигаменти на коленото и колатералниот страничен менискус и го очекува рехабилитација околу шест месеци.

Отсуството на Мојсовски во ракометна репрезентација ќе биде ненадминливо бидејќи со Кирил Лазаров се предводници на „фалангата“.

Избраниците на селекторот Ивица Обрван во групата А на ЕП се наоѓаат со домаќинот Данска, Чешка и Австрија.

Мх.П.