Металург ги отпушти Козлина, Батиновиќ, Додер и Ракчевиќ, а таа листа многу лесно може да се зголеми со Станиќ и Наумче Мојсовски. Стружанецот за дневниот весник „Вест“ изјави дека Лино Червар не го посакува повеќе во екипата и дека ако е така повеќе нема што да бара во клубот.
– В петок, кога ќе се видам со спонзорот Минчо Јорданов, ќе знам на што сум. Пред неколку недели потпишувавме нови договори како да сме Кристијано Роналдо и Лео Меси, а сега слушам дека Лино веќе не ме сака во екипата. Ако тоа и лично ми биде соопштено, тогаш нема да имам друг избор, освен да си заминам од Металург – рече Мојсоски.