Македонскиот ракометен шампион Металург остана само со силите од младинскиот погон откако првотимците си заминаа од клубот.
Расплетот во тимот од Автокоманда со тажен крај не му одговара на никој, а најмалку на македонскиот ракомет.
– Многу ми е жал што вака заврши приказната на Металург. Долго време сите заедно градавме клуб, кој стана препознатлив бренд во Европа. Се уште неможам да разберам како управата не најде толку време и да седне со нас на маса да поразговараме. Нивната затвореност не доведе до ова да го напуштиме клубот. Како поранешен капитен сакам да му се заблогадарам на сите ракометари кои годиниве го носеа дресот на Металург и на навивачите со кои поминавме незаборавни моменти. – истакна Наумче Мојсоски.
Ситуацијата во Металург со заминувања од екипата кулминираше по завршувањето на Светското првенство во Катар.
Мх.П.