Гоце Мојсоски е државен првак во боди билдинг во средна категорија.Со боди билдинг активно се занимава повеќе од 4 години. Љубовта кон оваа спортска дисциплина се родила со подгототвките на фитнес центарот во Срц “Билјани Извори“ . За него ова ќе биде втор настап на државното првенство Атлета на Македонија.

Викендов ке настапам на Државното првенство во боди билдинг во Штип. Во средна категорија од 70 до 80 килограми. Ќе се обидам да ја одбранам титулата која ја освоив  лани во Скопје – вели Мојсоски кој ќе настапи на “ковер“ песната од филмот Терминатор 3.

Ohridnews: Колку е тежок и скап овај спорт за спортување?

–  Овај спорт е доста скап, најголем дел од средствата заминуваат за исхрана и суплеменит (протеини, аминокиселин, креатин). Потребна е голема посветост , дисциплина ,спортски живот. За ова натпреварувањето се подготував шест месеци , и тоа се тренира по шест пати неделно, на веќе офоромено тело ( набилдано). Последните три месеци  најмонгу се внимава на исхраната се внесуваат повеќе протеини и јаглехидрати сето тоа се комбинира со возење на велосипед. Програмите сами ги набавуваме , а најтешко во оваа работа е режимот на исхрана , но што е тука сме се одлучиле на овај спорт и нема назад – ни рече Мојсоски

Оhridnews: Kолку се инвестира во боди билдингот ?

Ваквите спортови се заборавени од пошироката јавност, се е` сведено на ентузијазам,и нашата желба да се занимаваме со овај спорт. Најголемиот дел од средствата ги набаваувам од сопствен џеб  но има и такви кои ми помаѓаат.


Ohridnews : Колку охриѓани и рекреативно се занимаваат со овај спорт ?

Во Охрид има доста рекреативци кои се занимаваат со овај спорт, кои доѓаат во фитнес центарот и сакаат во тој саат два да заборават на секојдневиоте обврски и проблеми. Доста од тие рекреетивци се интересираат за овај спрот. Јас најчесто им давам совети , како од начин на вежбање па се до начин на исхрана .

Ohridnews : Колку спортистите го користат фитнес центарот ?

 – Спортските екипи кои доаѓаат во Охрид за време на подговотките се редовни “Муштерии“ во фитнес центарот. Соработката како со охридските така и со екипте од надвор е одлична


Идни планови ?

– По натпреварот во Штип одреден период ќе ја одржувам формата, за да потоа во зависно од средставата ќе продолжам да се натпреварувам. – завршува Мојсоски.

М.Постоловски