Бекот на Металург, Наумче Мојсоски се најде во идеалниот тим во Лигата на Шампиони по првите 1/8 финалните натпревари. Мојсоски со девет погодоци беше најзаслужен за победата на Металург во Минск против Динамо 26-23.

Покрај македонскиот репрезентативец во идеалната седморка се најдоа Валур Сигурдсон, Ханс Линдберг, Пик Сегед, Роланд Миклер, Марцин Лиевски и Матеј Габер.

Со деветте погодоци постигнати во Минск, Мојсоски стигна до 64-от сезонава и ја дели третата позиција со Егерт Јансен и Шулц Франтишек на голгетерската листа.

Мх.П.