Наум Мојсоски со девет погодоци беше движечка сила на македонската репрезентација која со 27-22 ја совлада селекцијата на Швајцарија. На “црвено жолтите“ неопходен им е било каков триумф против Португалија за пласман на континенталниот собир во Данска следната година.

– Одморот од неколку денови ми беше добредојден, одиграв одлично покрај повредата која ја влечам долго време. Се што работевме на тренинзите, сите акции што ги воигрувавме ги направивме на мечот, а кога сето тоа ќе се реализира резултатот нема да изостане – рече Мојсоски.

Членот на Металург не заборави да им се заблагодари на македонските навивачи кои направија „црвена жолтата“ приказна во Швајцарија да биде со среќен крај.

Мх.П.