– Ништо не е готово иако имаме одличен резултат пред реванш мечот во Скопје. Во нашата сала очекувам пеколна атмосфера и со уште една победа да ја зграпчиме животната шанса за македонскиот ракомет – рече Наумче Мојсоски.
Бекот на “металурзите“ Мојсоски со девет погодоци беше најефикасен на натпреварот и заслужено го доби епитот “најдобар ракометар на мечот“.
– За да се пласираме во осумте најдобри од кремот на европскиот ракомет мора да одиграме уште еден натпревар како во Минск. Белорусите беа изненадени од нашиот пристап, а истото може и нас да ни се случи на домашен терен. Затоа со поддршка од навивачите веруваме дека ќе успемее во таа намера – заврши Мојсоски.