Централниот бек на македонската ракометна репрезентација Наумче Мојсоски заработи повреда на рамото од шутерската рака на синоќешниот натпревар со Франција и ќе го пропушти реваншот од квалификациите за пласман на ЕП во Тулуз на 3-ти мај.
На негово место во сениорската репрезентација е повикан талентираниот бек Филип Талески, член на младата репрезентација и играч на Металург.
OheridNews
фото:РК Металург