Македонскиот ракометен првак Металург против францускиот Пари Сент Жермен ќе ја започна новата сезона во Лигата на Шампиони.
Минатата година „светците“ на своја кожа ја осетија пеколната атмосфера во „Борис Трајковски“ кога беа и совладани од „металурзите“.
– Годинава ПСЖ ќе ја знае нашата игра и атмосферата во салата. Ние сме хендикепирани со неиграњето на Ренато Вугринец, но ќе мора да дадеме с` од себе за да забележиме поволен резултат. Нашиот тим е подмладен и борбен, со желба за докажување и нема да се предаде пред никого – рече за „Дневник“, капитенот Наумче Мојсоски.
Од минатата сезона ПСЖ за нијанса поквалитетна екипа бидејќи сега на голот го имаат Тјери Омејер, а тимот го засилија уште Вилијам Акамбре и Хавиер Бараше.
Мечот се игра в недела во 19 часот во спортскиот храм „Борис Трајковски“.
Мх.П.