Охриѓаните Гоце Мојсоски и Бобан Наумоски ги одбранаа титулите на државниот натпревар во боди билдинг Мојсоски беше најдобар во средна категорија и втора година по ред во Охрид се враќа со титула во оваа категорија. Наумоски пак трета година по ред ја одбрана тиутлата во јуниорската категорија
– Не беше вопшто лесно да се одбрани титулата во оваа силна конкуренција – рече за ohridnews Мојсоски. Победата доаѓа како награда за сите откажувања во изминатиов период. Сега на раат ќе може да се почестам со една штипска пастрмајлија – ни рече низ смеа Мојсоски.
Апсолутен победник на државното првенство Атлета на Македонија кое годинава се одржа во Штип беше Тоше Зафиров од Неготино.
Во спортот финансиите ја кројат иднината, Мојсоски кој е оставен сам на себе ќе биде принуден да ја стави во мирување својата боди билдинг кариера, која како што вели му е само лична сатисфакција.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com