Македонската ракометна репрезентација во групата за Европското првенство доби познати противници. Со Данска и Чешка „фалангата“ се сретна на ЕП 2012 во Србија додека со Австрија играше бараж средба за мундијалот во Шпанија.

– Ова дефинитивно е група каква што посакувавме пред самата ждрепка. Сигурно дека од носителите најмногу сакавме да играме против Србија, но во секој случај Данска е фаворит за првото место, а ние имаме реални шанси за втората позиција. Според мене имаме 90% шанси за пласман во следната фаза, бидејќи ни е потребна една победа над Австрија или над Чешка, а ние реално покажавме дека можеме да ги совладаме и двете селекции. Сепак, има уште доста време, ќе треба добро да се подготвиме и да се прикажеме во што подобро светло на шампионатот во Данска – рече за „Екипа.мк“, Наумче Мојсовски.

Македонија во групата ќе стартува против фаворитот и домаќинот Данска. Во второто коло ќе се сретне со Чешка, а натпреварите во групи ќе ги заврши со Австрија.

Мх.П.