Да се разбериме… немат да зборвам за убајте работи! Тие си се убај, и да ги остајме такви. Требит да се зборвит за неубајте, за грдите работи. Требит да се зборвит за ниф, за да се надминет!

“Тензично во Охрид” е наслоф шо не ме остават равнодушен.

И вервам, не с’мо мене.

Можам да разберам протести и контра-протести. На ниф и едните и другите барет уба Македонија. Барет пристојна Македонија. Барет среќна Македонија. Барет Македонија да бидит “all right”. То шо не_можам да разберам е полиција да требит да ги делит тие шо до чера беа во исти клупи, тие шо живеет на иста улица, тие шо децата ги носет во иста градинка, тие шо пазарет во иста продавница, шо шетет по истиот кеј… тие шо го дишет истиот воздух. Воздухот на мојот Охрид. Воздух во кој никогаш немало честички на омраза. Мојот Охрид никогаш немал такоф воздух.

Ај да го задржиме таквиот Охрид.

Интелектот, кој несомнено е на завидно ниво, да го клајме во служба на одржвејне на нашиот Охрид.

Мојот Охрид нек е и ваш Охрид.

Ристо Ристе

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив