Актуелниот стратег на Вардар, Гоце Седлоски е човек кој најдобро го познава ривалот на „црвено црните“ во втората рунда од квалификациската фаза во Лигата на Шампиони, Динамо Загреб.


Прилепчанецот најблескавите моменти во фудбалската кариера ги има поминато во дресот на Динамо Загреб со капитенската врвца на раката.

Тој со „модрите“ во шест годишниот престој освои три титули во Хрватска и три во националниот Куп што го прави меѓу потрофејните капитени во историјата на Динамо Загреб.

Седлоски е единствениот фудбалер во Македонија со 100 настапи во националниот дрес, а еден од осумте голови ги има постигна на „Максимир“ против селекцијата на Хрватска.

Вардар против Динамо Загреб во Лигата на Шампиони

OhridNews