Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ, иако е во поодминати играчки години, ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сезона, објави угледниот италијански новинар и добар познавач на трансфер-пазарот Фабрицио Романо.
Новиот договор ќе биде потпишан до јуни 2023 година. Никогаш немало проблеми околу тоа. Во прашање се само завршните состаноци, документацијата и деталите, напиша Романо на својот Твитер профил.
Модриќ наскоро ќе го прослави својот 36 роденден, а во Реал Мадрид дојде од Тотенхем во 2012 година. Хрватот со „кралскиот куп‘ освои 17 трофеи, вклучувајќи и четири титули во Лигата на шампиони.
OhridNews