Најдобриот хрватски фудбалер, Лука Модриќ уште еднаш изрази незадоволство од густиот календар на Лигата на нации.
Секој натпревар за репрезентацијата е важен, без разлика дали тоа е пријателски или натпревар од Лигата на нации. Многу ми е важно кога играм за националниот тим. Меѓутоа, да се стават на календарот четири натпревари во десет дена по ваква сезона, тоа е нечовечко. Но, со облекувањето на репрезентативниот дрес мора да го покажете максимумот. Освоивме седум бодови, ги дадовме сите сили. Првиот натпревар беше многу лош, но ги поправивме работите во следните три натпревари, изјави играчот од средниот ред на Реал Мадрид и Хрватска по синоќешната победа (1:0) над Франција.
По четири кола во првата сегмент-А во Лигата на нации, Данска е лидер со девет бодови, Хрватска е втора со седум, Австрија има 4, Франција е последна со само два бода.
OhridNews