Најдобриот светски фудбалер Лука Модриќ средбата со медиумите во пресрет на реванш натпреварот со Ајакс во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони ја искористи да проговори за Кристијано Роналдо, кој после девет успешни сезони од Реал Мадрид се пресели во Јувентус. Репрезентативецот на Хрватска призна дека Роналдо недостасува во екипата, но дека играчите не смеат да тагуваат и да плачат за Португалецот.
Роналдо е играч што би му недостигал на секој клуб, невозможно е да се најде замена за него. Што се тој има направено за овој клуб…Секаго дека ни недостига. Клубот се обиде на повеќе играчи да го подели она што го правеше Роналдо. Тоа не е лесно, Кристијано постигнуваше по 50 гола во сезона, тешко можете да најдете таков играч. Некој требаше да направи исчекор, не да постигне 50 гола, туку да имаме тројца играчи со 15 до 20 гола сезонава. Тоа ние го немаме.. Ефикасноста ни е најголемиот проблем оваа сезона. Видовте во Купот против Барселона, имавме многу шанси, а не постигнавме гол. Толку добар противник тоа знае да го казни. Кристијано не е тука, но ние не можеме десет години да плачеме дека го нема Кристијано. Клубот им ја даде довербата на други играчи: Бејл, Асенсио, Бензема, дојде Маријано, тука е и Винисисус кој игра добро. Сепак работите не одат онака како што посакуваме. Единствен начин за да продолжиме понатаму е да работиме напорно и да бидеме обединети – изјави Модриќ.
Кралскиот клуб во првиот меч го совлада Ајакс со 2-1 и пред своите гледачи ќе има релативно лесна задача.
OhridNews