По победата на Реал Мадрид од 2:0 над Аталанта во Суперкупот на УЕФА, играчот од средниот ред Лука Модриќ стана најтрофеен играч во историјата на мадридскиот клуб.
За Хрватот овој трофеј е 27-ми во дресот на „Кралскиот клуб“.
Втори на оваа листа се Даниел Карвахал и Начо, кои имаат по 26 трофеи со Реал Мадрид. Карим Бензема и Марсело ја заокружуваат првата тројка со 25.
Синоќа во Варшава, Реал Мадрид го освои Суперкупот на УЕФА по шести пат, што е рекорд меѓу сите клубови.
Барселона и Милан по пет пати го освоија трофејот, а Ливерпул четири пати.
OhridNews