Играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ изјави дека сака да го продолжи договорот со клубот од Мадрид.
Сите знаат дека мојата желба е да останам во Реал Мадрид. Верувам и се надевам дека тоа ќе биде така. Сè друго се гласини и шпекулации, изјави Модриќ.
Модриќ е во Реал Мадрид од 2012 година. Во сезоната 2022/23 тој постигна шест гола и пет асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања.
Договорот на 37-годишниот Хрват со клубот е со важност до крајот на јуни 2023 година.
OhridNews