Играчот од средниот ред на Хрватска, Лука Модриќ зборуваше за претстојниот турнир во Лигата на нации и за неговата кариера во националниот тим.

Секогаш уживам да играм за репрезентацијата. Сето ова дава радосни емоции. Се додека можам да му помогнам на националниот тим, нема причина да не бидам во него. Тежок ќе биде натпреварот против Холандија. Ќе се соочиме со млад тим со силни играчи кои се вратија на врвно ниво и ќе играат на домашен терен. За среќа, многу наши навивачи ќе не поддржат, а тоа ќе даде дополнителна мотивација. Во моментов мислите ми се поврзани со Лигата на нации, а за мојата кариера ќе може да се зборува по турнирот. Веќе донесов одлука за мојата иднина во репрезентацијата, но сè уште не сакам да ја обелоденувам, изјави Модриќ, за сајтот на УЕФА.

Хрватската репрезентација вечер од 20:45 часот во Ротердам ќе игра со Холандија во полуфиналниот натпревар од Лигата на нации.

OhridNews