Оливија Палермо и Јоханес Хејбл на прошетка низ Њујорк.
Дури и кога уживаат во лежерна прошетка низ Бруклин, Оливија Палермо и нејзиниот вереник Јоханес Хејбл редовно изгледаат како да се излезени од модно списание. Дека модната усогласеност им е многу важна, згодниот пар покажал пред сите папараци, бирајќи опуштени комбинации кои стилски и тонски совршено се надополнувале.

Оливија се одлучила за тесни панталони со боја на цигла, со кои носела високи патики на Кристијан Луботин, а од ладното се заштитила со своето омилено темносино капутче со детаљ од кафено крзно. Јоханес од друга страна носел лежерни фармерки, сив џемпер и елек во боја на цигла, додека неговиот модно освестен стајлинг го надополниле сиви додатоци и прекрасни очила за сонце.

 

извор:fashion.hr