Модни грешки кои ги правиме
Колку и да знаеме за правилата на облекување или имаме чувство за убаво, порано или подоцна сите може да направиме некоја модна грешка. Но не е лошо ако знаеме што сме згрешиле. Во анкета на компанијата Fractl за Ebay учествувале околу 1000 жени кои кажале што највеќе им пречи кај облекувањето на другите и од тие коментари настанала многу интересна листа на модни грешки.
Модни грешки кај мажите
Како што пишува на блогот, околу 20% од испитаниците се согласуваат дека мажите претеруваат со додатоците. Речиси еден процент се согласува дека грешат и во изборот на маици со иронични или детски натписи, додека 15% како моден грев го гледаат претераното мешање на разни примероци на облеката.
На листата се наоѓаат и старомодните траперки, лошо сошиено одело или кошула која не одговара, носење на спортски ранец со облека за на работа па дури и носењето на патики со траперки.
Модни грешки кај жените:
Малку помалку од четвртина испитаници сметаат дека жените претеруваат со животинскиот принт. Совет е да се избере само едно парче со таков примерок, а останатата облека нека биде еднобојна. Цел комбинезон и покрај тоа и шешир со леопард примерок, е големо претерување.
На второ место се видливите прерамки од градникот, што сметаат 20% од испитаниците-бидејќи постојат градници без прерамки, не е тешко да се реши.
Претесната облека е трета на листата на модни грешки и за лош избор ја сметаат 17% од жените. Кога купувате облека, внимавајте да ви одговара големината, да не ве притиска и не ги истакнува претерано облините.
На четврто место е вечерниот изглед кој се носи преку ден, додека оделата за трчање, детската облека, шал без краеви се на самиот крај од листата.
извор:metro-portal.hr