Париската модна куќа „Диор“ соопштила дека го отпуштила својот моден дизајнер и креативен директор Џон Галијани поради искажување на увреди од антисемитска природа. Извршниот директор Сидни Толедано изјавил дека остро го осудува она што го рекол Галијано и дека тоа било во целосна спротивност со сите вредности кои од памтивек ги брани модната куќа „Диор“.
Толедано и претходно рекол дека Кристијан Диор има нула толеранција кога станува збор за антисемитизмот и расизмот. Од модната куќа навеле дека се одлучиле да го отшуштат Галијани откако прегледале една видео снимка на која се гледа како вој дизајнер вреѓа лица од едно кафуле во Париз. Галијано, пак, ги отфрла сите обвиненија упатени кон него. И покрај ови проблеми, колекцијата на „Диор“ за есен-зима 2011-2012 ќе биде претставена според планот, односно во петок на модната недела во Париз.