Трансфер магнатот и еден од креаоторите на скандалот “калчополи“ Лучино Моџи не им дава многу шанси на  италијанските клубови во Лигата на Шампионите.Поранешниот претседател на Јувентус, смета дека Милан, Интер и Фиорентина нема да поминат во следниот круг од нокаут фазата во Лигата на Шампионите.

Осминафиналните дуели во Лигата на Шампионите ќе покажат дека италијанските клубови не се конкурентни во Европа. Италијанскиот клубски фудбал не може да се споредува со шпанскиот и англискиот.“ – изјави Моџи за италијанските медиуми.

Во осминафиналето Милан ќе игра против Манчестер Јунајтед, Фиорентина  гостува во Минхен кај Баерн, додека Интер следната недела го пречекува Челзи.

Моџи кој беше мозокот на “калчополи“ од 2006-та година е надвор од фудбалот по добиената суспензија од италијанскиот фудбалски сојуз.

Ohridnews