Дуото Модев – Славков под името Грин Хаус, ја одбрани титулата во професионална кнкуренција. Во финалето со 2:1 во сетови беа поуспешни од тимот на Фортуна, парот Милев – Ѓорѓиев.
Идентична разлика и во женското сениорско финале, во кое славеше тандемот Ќурчиева – Ружиновска од Форца Сеат Ибица над “Грин Хаус Портиоли“ во состав Ѓошева – Алексовска.
Во јуниорска конкуренција кај мажите најуспешна беше екипата Џио, а кај жените Инсомнија.