Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ доби ВИП салон и нов фри шоп, а ЈП за аеродромски услуги најавува дополнителни инвестиции во техничко доопремување на ова воздушно простаничште.
ВИП салонот изграден на стотина метри квадратни и во него се инвестирани околу 40.000 евра. Првично ќе служи за пречек на високите гости кои ќе учествуваат на НАТО форумот што на 28 и 29 јуни ќе се одржи во Охрид, а понатаму ќе биде во функција на идните патници.
новиот ВИП салон
Новиот фри-шоп е донација на реномираната германска компанија „Хајнеман“ која со години наназад ги снабдува со артикли фри-шоповите на скопскиот и охридскиот аеродром. Изграден е на 28 метри квадратни.
новиот фри-шоп
Покрај ова ЈП за аеродромски услуги најавува склучување договор со американска компанија за автоматско чекирање. Проектот кој ќе лини околу 60.000 евра, ќе овозможи секој патник од Охрид да ја букира својата карта до крајната дестинација.
се модернизира охридскиот аеродром
Претходно владата ги намали цените на услугите на охридскиот аеродром, а целта е да се придонесе за развојот на охридскиот аеродром.
Г. Момироски