Специјална опрема, системи и решенија за греење и ладење од врвни производители, вентилација за мали и големи oбјекти, канцеларии, како и за хотели и други објекти, водоводна и друга опрема, охриѓани сега може да најдат во новоотворениот салон „Алиби 2010“, кој се наоѓа наспроти бензинската на „Макпетрол“ на регионалниот пат кој води за Битола.
Идејата е стара неколку години. Со реализација почнавме минатата година, но ковид пандемијата не спречи и се се’ одложи за една година. Во краток временски период се екипиравме и со помош од партнерите успеавме да го отвориме овој салон, кој, како што ќе одминува времето, ќе биде побогат и попривлчен за купувачите. – рече на почетокот од разговорот Александар Богатинов од „Алиби 2010“.
Овој изложбено-продажен салон ќе се разликува од конкуренцијата по големиот избор на опрема за греење и ладење од брендовите „Вајлант“, „Мицубиши“, „Центрометал“, „Марели“, како и квалитетна опрема од повеќе етаблирани домашни производители, но и по пристапот кон клиентите.
Голем дел од купувачите не се доволно упатени во оваа област, а самата опрема чини многу. Затоа, ние со нашите партнери го отворивме овој салон каде ќе бидат изложени примероци од производите, а обучени лица ќе нудат стручни совети и решенија, со што понудата соодветно ќе ја доближиме до купувачите. – истакна Богатинов.
Бенефитот од поставување модерна опрема за греење и ладење е повеќекратен и значително се одразува на домашниот буџет, посочуваат од „Алиби 2010“.
Современа опрема за греење и ладење значи пониски сметки за струја во лето и зима, но и полесно одржување со што заштедата се зголемува. Направете паметен избор за греење и ладење и чувствувајте се удобно во вашиот дом или деловен простор. – порачуваат од новоотворениот специјализиран салон за опрема за греење и ладење, вентилација, водоводна и друга опрема „Алиби 2010“, на патот за Битола.
OhridNews
Фото: А. Момироска