Трета доза на постоечката вакцина на Модерна, како и нова верзија што е експериментална, го зајакнува имунитетот против бразилските и јужноафриканските варијанти на коронавирусот, соопшти компанијата.
Податоците се добиени врз основа на истражување во кое учествувале 40 лица. Дополнителна доза на вакцина дадена на волонтери кои претходно примиле две дози на вакцината на Модернa, исто така, го зајакна имунитетот против оригиналната верзија на коронавирусот.
Ние сме охрабрени од овие нови податоци, што го зајакнува нашето верување дека нашата стратегија за вакцинација треба да обезбеди заштита од нови варијанти на Kовид-19, рече Стефан Бансел, извршен директор на Модерна.