Охридските скејтери конечно добија скејт парк каде ќе можат да уживаат во возбудувањата што ги нуди овој екстремен спорт. Скејт паркот кој ќе биде  отворен по повод празникот Св Климент Охридски , се наоѓа во близина на плажата „Куба Либре“.


Иницијатор и главен носител на идејата е Ротари клубот, кој и ја финансираше  неговата изградба потпомогнат од локалната самопурава.

 – Очекувам скејт паркот да прерасне во една важно катче во градот. Тој дел од Охрид, порано популарно наречен Ајван плажа, се урбанизираше и со пуштањето во употреба на скејт паркот ќе биде запамтен и по овај парк – рече градоначалникот Петрески.

 

Скејтот не е само спорт него е и движење во светот.На барање на младите од Охрид, клубот  “Ротари“ ги прифати предизвикот, сметајќи ја за значајна идеата за изградба на таков проект.


Тим на луѓе несебично се вклучија во изградба на овај парк.  Ние само ја реализиравме идејата , која беше експолозија на желбите на децата од Охрид – рече Владо Коњаноски од Ротари клубот

Скејт паркот ќе биде од отворен тип, а за него ќе се грижи Општина Охрид и Ротари клубот.Во иднина се планира на скејт паркот да се организираат и разни натпревари од домашен и меѓународен карактер.

М.Постоловски