Енрике Дуран (32) од Барселона за себе тврди дека е модерен Робин Худ. Ги измамил банките да му одобрат бројни позајмици во вредност од половина милион евра. Вели дека голем дел од парите ги дал на разни здруженија.
„Дали има нешто подобро од грабеж на оние кои редовно не ограбуваат? А уште подобро е чувството кога тие пари не планирате да ги вратите туку да ги поделите на здруженија кои нудат алтернативи за ова ограбувачко општество“ – вели Дуран.
Во својот бележник има 39 имиња од различни банки кои му дале заем.