Според интернет страницата Models.com, порториканка која има 25 години е манекенка број 1 на светот. Преубавата Џоан носела ревии за Викторија Сикрет, а работела и кампањи за многу познати модни куќи, од Стела Мекартни до Версаче. Исто така таа била прва манекенка од латино потекло која била заштитно лице на козметичката куќа Есте Лаудер, а самата Смолс тврди дека верувала дека никогаш нема да биде манекенка.
Таа тврди дека и рекле како е превисока, претемна и преслаба. Денес ситуацијата во се е поинаква, и освен што снима бројни едиторијали, шета по најпознатите светски писти, Џоан со колешката Карли Клос е водителка на новото МТВ шоу „house of Style“.