Компанијата „Мерцедес-Бенз“ е сериозна во планот да ја намали понудата компактни автомобили и се сосредоточува на поголемите и поскапи модели.

Понудата ќе биде поделена во три категории – „Ентри луксури“, „Кор луксури“ и „Топ-енд луксури“, а идните инвестиции ќе бидат насочени кон возила од „Ц-класа“ и другите. Овие промени се дел од планот „Мерцедес“ да стане „највредниот бренд за луксузни автомобили“ во светот. Понудата „Ентри луксури“ ќе се намали од седум на четири модели. Германскиот весник „Ханделсблат“ цитира тврдења на упатени лица кои тврдат дека „А“ и „Б-класата“ ќе го доживеат својот крај во 2025 година.

Хечбекот и седанот од „А-класата“ ќе бидат отстранети од понудата за околу три години, но „ЦЛА“ останува во понудата, како и „ЦЛА шутинг брејк“. Сѐ уште не се знае точно дали „А-класата Седан“ ќе продолжи да се произведува во Кина каде што се одвива посебниот погон и каде модел е во своевидно соперништво со „Бе-ем-ве“ седанот.

Во меѓувреме, сегашните компактни модели на „Мерцедес“ ќе добијат „освежени“ верзии, а промените ќе бидат не многу видливи, бидејќи неофицијално, германската компанија не сака да троши многу пари на платформата што има намера „да ја пензионира“ до крајот на ова десетлетие.

OhridNews