Под покровителство на МОК во соработка со Атлетската федерација на Македонија во Охрид деновиве ќе се одржи семинар за атлетски тренери.

Со работен наслов “Моделирање на врвни спортисти“ 20-на тренери од македонија во наредните неколку дена ќе имаат можност да “земаат“ ука од германскиот експерт Ахим Еке, кој ќе предава на темите спринт, скок во далечина и троскок.

На семинарот кој ќе биде составен од два дела, теорија и пракса македоснките тренери ќе бидат обучувани како до постигнување врвни резултати.

Еке работи како експерт во германскиот олимписки комитет, а негова цел е да се применат дел од техниките кои ги користат во германската атлетика. За Еке ова не е прва ваков проект, но најдобрите резултати Еке ги постигнал работејќи со швајцарската атлетска федерација.

–    Со швајцарските атлетичари успеавме да постигнеме сосема солидини резултати. Во дисциплината скок во далечина постигнавме далечина од 8.27, постигнавме државен рекорд до штафетата 4*400, а во скокот во височина стигнавме до височина 2,23 и 2,27 – рече Ахим Еке на денешната прес конфернција по повод атлетскиот семинар.

Покрај експертската соработка Македонскиот Олимписки Коменитет ќе добие и практична помош од Германскиот Олимписки комитет. Германската донација ќе се состои во реквизите потребни за секојдневните обрски на атлетичарите, почнувајќи од блокови за старт по се до најсовремениот мерач на јачина на ветер, со кој светската атлетска федерација резултатите ги прифаќа како официјални.

M.П.